Викендов во Србија падна снег кој создаде огромни проблеми пред се во сообраќајот. Во сообраќаен колапс се нашол и српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура – Томислав Момировиќ.
Момировиќ на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како бутка автомобил заглавен во снегот.
„Во ред… Постојките на автопатот дефинитивно може малку подобро да се исчистат“, напишал министерот покрај видеото.
Па зошто не се исчистени?“, „Не врне снег да го покрие ридот“, „Нели рековте дека се е исчистено?“, „Секогаш на висина на задачата“, „Ништо без добар дух и додека министерот не потурка“, „Голема почит за вас министри. Се стигнувате. Не сте како другите само во кола и готово“, „Платени сте да ги организирате патиштата да се чистат, а не да туркате коли и да се глупирате. Ова може да го направи некој што не е на функција и има само основно училиште“, се дел од коментарите.
Претходно Момировиќ се јавил од патот кон белградскиот аеродром кога рекол дека сите патишта се проодни.
„Овде сме на пат кон белградскиот аеродром и како што можете да видите сообраќајот е апсолутно прооден. Секако дека сообраќајот е отежнат кога паѓа толку многу снег овој ден, но денес имаме повеќе од 1800 патари на патиштата од првиот и втор приоритет, повеќе од 800 камиони и машини за чистење снег. Ниту еден пат од прв и втор ред не е блокиран. Сообраќајот насекаде се одвива непречено. Ќе дадам се од себе луѓето да го видат тоа“, вели Томислав во видеото.