Српскиот актер Лазар Ристовски (70) првпат е виден во јавноста со својата девојка Аница Лазиќ (31).
Двојката го посетила Архивот на Војводина во Нови Сад.
Потсетуваме, актерот кој неодамна се разведе од сопругата по 42 години брак, за српските медиуми ја потврди новата врска и на Инстаграм објави фотографија со новата партнерка.
“Точно е, уживаме во нашата љубов. Не би коментирал ништо повеќе, разберете. Се запознавме долго по мојот развод, тоа нема никаква врска со мојот поранешен брак и разводот”, изјави актерот за Телеграф.
Двојката глумеше заедно во филмот Dream Team и во серијата Попадија.