Градоначалникот на Јагодина, Драган Марковиќ Палма им гради полски тоалети и туш кабини на селаните кои работат на нивите околу овој град.
Како што изјави овој несекојдневен политичар, многу му пречи што земјоделците ги нарекуваат селани. Тој сака дури и во нивите , овие луѓе да имаат услови за лична хигиена.
Сетоа ова беше проследено од неколку новинарски екипи, меѓу кои и државната РТС, а Палма беше придружуван од бројни соработници.
Палма има намера да постави вакви тоалети во нивите на сите 52 јагодински села.