Српската професорката Лилјана Гојковиќ Букарица во утринска програма им се обрати на граѓаните на Србија кои веќе имаат можност за трета доза, а некои од нив „оделе според чувството“ кога се пријавувале, пишува Мондо.
Според професорката по клиничка фармакологија на Медицинскиот факултет во Белград, антителата не се никакво мерило за јачината на имунитетот, а многу појасен показател може да биде трајноста на самата вакцина – на пример, кај Фајзер и Синофарм, таа докажано истекува после шест месеци и потребна ќе ни е трета доза.
Во новиот корона-бран, Србија вчера надмина 5.000 нови инфекции на дневно ниво, со 23 смртни случаи и зголемување на бројот на хоспитализирани лица во последните 24 часа.