Пејачката Мина Костиќ е обвинета за кражба. Вработените во еден дуќан на социјалните мрежи објавија дека пејачката купувала облека од кај нив, но дека не ја плаќала со изговор дека нема пари.
“Ова е „дама“ која купуваше многу облека кај нас, се фотографираше, снимаше спот и тогаш сакаше се да врати под изговор дека нема пари бидејќи позајмила и требало да ги врати, па и дека гардеробата не и одговара. Секако, ние не прифативме и госпоѓата одлучи да не „тужи“ за лажно продавање на интернет. Секако, се е докажано дека не е точно,но ете тоа е „естрада“, пишува на Фејсбук профилот на бутикот.
Мина Костиќ потврди дека неодамна започнала соработка со нив, но дека уште на самиот почеток била незадоволна. Таа откри дека порачувала гардероба, а добивала „крпи“.
“Тоа што го напишаа е потполна лага. Јас преку нив нарачав одредени работи, но ми пристигнаа крпи. Не можев да носам такви работи, па одлучив да ги вратам, ниту едно парче облека не го носев никаде. Ми рекоа дека не враќаат пари, па одлучив да ги тужам и секако дека ги добив. Па, потоа мораа да платат, тоа се случи пред еден месец“ вели пејачката.