Српската пејачка Сања Малетиќ била нападната од еден таксист во Бјелина. Таа на таксистот му ја кажала дестинацијата каде што требала да оди, но подоцна, нејзе и јавиле дека треба да оди на друго место, по што почнала “драмата“.
Откако ја сменила дестинацијата, таксистот почнал да и се заканува и да ја навредува со пцовка, па дури извадил и нож. Во еден момент тој наеднаш закочил, Сања излегла, но таксистот се пуштил по неа со ножот. Веднаш бил повикана полиција од луѓето од околните продавници, па Сања и таксистот биле приведени.
Во полициската станица на Сања и се слошила и паднала во несевест.
– Добро сум. Таксистот ме нападна со нож. Лицето беше приведено. Во станицата ми се слоши бидејќи имам болест на штитната жлезда и доживеав голем шок. Од страв комплетно се изгубив, па мораше итната помош да реагира – изјавила српската пејачка.