Младата и атрактивна српска пејачка Милица Павловиќ на еден свој настап со стајлингот предизвика вистински хаос во медиумите од регионот.
Милица Павловиќ пред неколку дена одржа спектакуларен концерт во Нови Сад, по што стана главна тема и на регионалните и на странските медиуми.
Посебно еден нејзин стајлинг го привлече вниманието на јавноста, па за него многу се зборува.
Имено, како што пишува турскиот портал „Гунбојугазетеси“, долната облека на пејачката предизвикала голема врева, а оние кои го виделе видеото еднаш го гледале повторно и повторно.
Според едни пејачката под секси фустанот со голем шлиц не носи долна облека, други пак велат дека сепак носела мали гаќички.