До 14:00 часот, околу 300 граѓани на Македонија примиле вакцина против вирусот ковид-19 во Врање, а бројот на вакцинирани Македонци во овој град е близу до 4.000. Редицата пред Спортската сала во Врање не е намалена ниту шест часа од отворањето на вратата утрово и има заинтересирани лица од Гевгелија, Тетово, Штип, Велес, Скопје итн, соопштуваат српските медиуми.
Како што велат, чекале околу еден час, а поради патувања сакаат да се вакцинираат.
„Сакаме да патуваме!“ – велат дел од присутните таму за порталот „Нова.рс’, а на прашањето каде ќе патуваат, тие изјавиле „на фестивалот Егзит сигурно, а ќе видиме за понатаму“.
Поради гужвата и примедбите од саботата, утрово раководството на ЗЦ Врање, во соработка со ЈП Водовод, обезбедиле чадори и цистерна со вода за пиење, со цел да се олесни чекањето на македонските граѓани.
Според официјалните податоци на Здравствениот дом, само вчера биле вакцинирани 692 граѓани од Македонија, а вкупниот број во последните четири дена надминува 2.500, односно најмалку 10 проценти од бројот на сите вакцинирани на еден од пунктовите во Врање.
-Оваа акција ќе продолжи и во наредниот период, истакна директорката на Здравствениот центар во Врање, д-р Љиљана Антиќ. Информира дека најмногу се вакцинираат со вакцините на „Синофарм“, а во помала мера со „Фајзер“.
Голем број Македонци се очекуваат за десет дена кога треба да пристигнат за ревакцинација оние што пред три месеци се вакцинираа со вакцината на „АстраЗнека“.
Comments are closed.