Српската глумица Нада Мацановиќ по втор пат е бремена токму во моментот кога откри дека е позитивна на коронавирусот. Но, сега ситуацијата е во најдобар ред и актерката едвај чека семејството да стане побогато за друг член.
– Ќе морам да ги прекинам деловните обврски од приватна причина. Доаѓа уште едно бебе. Бев многу изненадена од бременоста затоа што се појави во самиот момент кога бев позитивна на ковид-19. Пет дена по тестот за ковид, направив тест за бременост и двата теста беа позитивни. На почетокот беше многу стресно за мене, бидејќи не знаев дали сè ќе биде во ред, дали плодот ќе преживее. Лекарите не знаат што да ви кажат, нема доволно податоци за тоа како вирусот влијае на фетусот. Првите три месеци никому не реков ништо за бременоста. Фала му на Бога, сега сè е во ред. Немав никакви симптоми, едноставно дишев малку потешко, но немав ниту треска. –вели Нада која е мажена за поранешниот репрезентативец, а сега тренер на одбојкарскиот клуб Партизан, Бојан Јаниќ. Двајцата го имаат синот Милутин, кој го играше синот на Милош Биковиќ во серијата „Јужен ветер“.
– Милутин навистина го едавај го чека тоа. Разликата помеѓу Милутин и другото бебе ќе е шест години и еден месец. Ни требаа скоро пет години да го добиеме првото дете, навистина се обидувавме и точно пет години се трудевме да го добиеме второто дете. Така сакаше судбината – искрена е актерката.
–