Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ (43) и нејзината неколку години помлада партнерка, докторката Милица Ѓурѓиќ наскоро ќе станат родители.
Според магазинот „Глорија“, Милица Ѓурѓиќ била подложена на вештачко оплодување. Магазинот наведува дека Ѓуриќ поради бременоста неколку месеци не се појавува јавно со својата партнерка Ана Брнабиќ, а во Клиничкиот центар на Србија, во Центарот за радиологија и магнетна резонанца, каде што е вработена, велат дека таа зела трудничко боледување.
Премиерката и понатаму се придржува до својот став да не зборува јавно за приватниот живот, а исто така, од кабинетот не сакале да откријат кој пол ќе биде бебето.