Српската пејачка Слаѓана Милошевиќ вчера е уапсена . Таа од Белград во време на полициски час отишла во Сремска Митровица за да го види некогашниот дечко, Игор С, кого пред еден месец го пријави за семејно насилство. Но за шокот да биде поголем, тој наводно не сакал воопшто да комуницира со неа и самиот ја пријавил во полицијата во Сремска Митровица.
По сослушувањето, Милошевиќ е пуштена на слобода, а пресудата ќе ѝ биде доставена накнадно.
За потсетување, пејачката пред еден месец го пријави нејзиниот дечко за семејно насилство, откако тој почнал да ја удира и влече додека се расправале во нејзиниот дом во Белград.