Српската водителка Нина Сеничар се разголе во осмиот месец од бременоста.
-Осум месеци љубов, нежност, женственост, среќа, паника, страв, солзи, смеа, неизвесност, возбудливост… Осум месеци со неа – напиша Нина на својот Инстраграм профил на српски, италијански и англиски јазик во прилог на фотката на која е гола, само со проѕирна наметка, а стомакот ѝ е во прв план.
Инаку, убавата водителка веќе четири години е во врска со американскиот глумец Џеј Елис и ова ќе биде нивно прво дете.