СРПСКАТА ВОДИТЕЛКА САЊА МАРИНКОВИЌ: “Се гледаат во очи и се лажат“

by Тони Зографски

Српската водителка Сања Маринковиќ проговори за естрадата, пријателите и својот приватен живот. Таа призна дека на естрадата се повеќе е присутно лицемерството и лажењето.

Сања смета дека љубомората на сцената стана вистинска “болест“.

“ Се повеќе е присутно лицемерството на сцената. Се гледаат во очи и се лажат. Љумобората стана болест број еден на нашата сцена. Најголеми причини за депресијата  меѓу жените е љубомората и алчноста за пари и моќ. Немојте туѓиот успех да ве боли, туку треба да ве мотивира. Сакам на попаметните од мене да им кажам дека им се восхитувам. Жално е што кај нас е најважно колку трошиш и колку другите трошат на тебе, а не колку си заработила“ – изјавила Сања за свет.рс и објасни како се бори против негативните коментари.

“ Се трудам да ги засилам аплаузите и замолкнам критиките и лошите коментари. Морам да бидам помалку самокритична, бидејќи секоја мајка, баба, новинарка, ќерка, пејачка има големо срце и уште поголема душа“.

(Фото: Д. Дервишагиќ)

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com