Срничката Бамби е миленик на семејство на Кире од кичевското село Белица.
На видеото објавена на фан страната на месната заедница на Белица се гледа дека срничката слободно се шета низ домот на овие луѓе и јаде од рацете на домаќинката мандарини.
,,Ексклузивна снимка што ќе ви ги стопли душите. Погледнете како расте нашиот Бамби“-напиша домаќинот на ФБ страницата Белица,
Инаку, срничката Бамби сама дошла во домот на ова семејство. Бамби оди во шумата и повторно се враќа кај своите домаќини. Така беше и минатата година кога падна снег во Белица, а Бамби по неколкудневна прошетка во шумата се враќа кај семејството.
https://www.facebook.com/belica.mk/videos/2225506531079371/?t=0