Холивудската глумица Шерон Стоун (62) е една од најпознатите светски актерки. Секако, култна нејзина улога беше во филмот “Ниски страсти“ каде што ја глумеше фаталната Кетрин Тремел.
Што се однесува до нејзиниот приватен живот, Шерон два пати се мажеше и исто толку пати се разведуваше. Има помлад брат Мајкл и три години помладата сестра Кели. Токму со заедничка фотографија со Кели поставена на Инстаграм, глумицата и го честиташе роденденот.
-Среќна роденденска недела Кели – напиша Шерон Стоун.