На социјалните мрежи вчера се појави вест во која се тврдеше дека е пронајдено мало девојче кое било без родителите, поради што итно беа барани тие.
Потрагата по девојчето завршила со среќен крај откако родителот го забележал девојчето кое било заедно со полициските службеници.
Девојчето кое било на 3-4 годишна возраст излегло од дома без да биде забележано. Полициска патрола го забележала како се движи само. Кога родителот забележал дека детето го нема, тргнал по него да го бара.
-Потрагата по девојчето завршила со среќен крај откако родителот го забележал девојчето кое било заедно со полициските службеници и истото било безбедно вратено кај него, велат од МВР.
Дека девојчето е пронајдено како лута само, беше објавено преку Фејсбук и постот почна да се споделува со надеж дека некој ќе го препознае и ќе им јави на родилите.