Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека за време на викендот паднал таван во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2.
„Среќа во несреќа е што во градинката „Мајски цвет“ (Карпош, Тафталиџе 2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има“, напиша Антонио Милошоски на Фејсбук.
Тој потсети дека имало дури пет активности при увидот во градбата и отворањето на оваа градинка.
„Имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна“, додава Милошоски.