СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА: Двајца тинејџери пропаднале во замрзнато езеро каде пожарникарите правеле вежби (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Пожарникарите од Сент Луис биле на вистинското место во вистинско време. Додека држеле вежби за извлекување луѓе од водата, двајца тинејџери паднале низ мразот на езерото Крив Којер.

Пожарникарите од округот Мериленд Хајтс штотуку ги завршиле вежбите на езерото и почнаа да собираат опрема кога забележаа две лица како трчаат по замрзнатото езеро.

Додека ги гледале, мразот под нив пукнал, а парот набрзо завршил во водата.

Пожарникарите брзо стигнале до местото каде што несреќните тинејџери паднале низ мразот, а набрзо ги извлекле од ледената вода.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com