Нападот се случил во средното училиште Вестфилд во Спринг, на 30 километри северно од Хјустон.

Учениците ја собориле помошничката директорка на подот во момент кога таа се обидувала да ја прекине тепачката.

Бруталното претепување, се случило пред некој ден во училишниот центар за деветто одделение, а во тепачката учествувале ученици на возраст од 15 и 16 години, додека нивни соученици го снимале нападот. Помошник директорката е пуштена на домашно лекување.