Средношколци претепале помошник-директорката во средно училиште во Тексас, која поради повредите итно била префрлена во болница со сериозни повреди на главата.
Нападот се случил во средното училиште Вестфилд во Спринг, на 30 километри северно од Хјустон.
Учениците ја собориле помошничката директорка на подот во момент кога таа се обидувала да ја прекине тепачката.
Бруталното претепување, се случило пред некој ден во училишниот центар за деветто одделение, а во тепачката учествувале ученици на возраст од 15 и 16 години, додека нивни соученици го снимале нападот. Помошник директорката е пуштена на домашно лекување.
WOW. Very disturbing. Students were fighting — teacher tried to break it up, then the teacher was assaulted.
She had a seizure and is in the hospital.
Westfield High School#breaking #news #breakingnews
— Crime With Bobby (@crimewithbobby) April 28, 2023