Пред почетокот на сесијата, камерите го забележаа моментот кога францускиот претседател Емануел Макрон ѝ се приближи на италијанската премиерка и ѝ кажа одредени работи „во доверба“.
Иако светските лидери се обидуваат да задржат безизразен изглед на лицето, Мелони не можеше да ја скрие својата реакција на она што ѝ го кажа Макрон и во еден момент го погледна Макрон, а потоа „преврте очи“.
Сè уште не е познато за што разговарале Макрон и Мелони во тој момент, но сите забележаа дека Мелони гледа во насоката каде што седеше Доналд Трамп.
Италијанската премиерка се огласи кратко по состанокот на Г7 и рече дека ја искористила можноста да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Разговаравме за големи меѓународни прашања, со посебен фокус на ситуацијата во Иран и на Блискиот Исток. Исто така, се осврнавме и на прашањето за економските односи меѓу ЕУ и САД, повторувајќи ја важноста од зајакнување на трансатлантската соработка“, рече Мелони.