Претседателот на Србија Александар Вучиќ во вчерашното обраќање до јавноста рече дека се залага за воведување на задолжителен воен рок во Србија од 90 дена.
-Опкружени сме со земји од НАТО. Нашата желба е да бидеме единствената земја која не е членка на НАТО во регионот. Мојот предлог ќе биде во следниот период да се воведе задолжителен воен рок од 90 дена, тоа време може да го посвети секој човек, рече Вучиќ.
Тој додаде дека со задолжителниот воен рок се стекнува одговорност и развива патриотизам.
-Со тоа се добива одговорност, така мажите добиваат на вредност, сфаќаат што е патриотизам. Тогаш станува поинаков однос кон работата. Ова би ги зајакнало и нашите приградски градови, доколку касарните повторно бидат полни. Имаме малку војници јужно од Чачак, а во тој регион би се промовирале посиромашните области, рече претседателот и додаде дека на парламентот е тоа да го прифати или отфрли.