Телевизиите „Н1″ и „Нова С” од полноќ не емитуваат редовни програми, а на екранот на црна заднина е испишана пораката „Црнила во Србија без слободни медиуми”.
Истата порака беше споделена и на социјалните мрежи на двете телевизии, без да се дадат дополнителни информации, а нивните портали работат без прекин.
Телевизиите „Н1“ и „Нова С“ работат во рамките на медиумската компанија „Јунајтед Медиа“.