Заменикот градоначалник на Бор, Бранко Периќ од Слатина доби кривична пријава поради полово вознемирување на малолетничка, затоа што минатата година допираше и бакнуваше 15-годишна девојка.
Според информациите од Србија, Основното јавно обвинителство во Бор поднесе обвинителен предлог против овој функционер.
„По разгледувањето на сите докази, обвинителството заклучи дека постои оправдан сомнеж дека Периќ извршил кривично дело „полово вознемирување. Обвинителството го сослуша осомничениот и ги испита сите сведоци, а после тоа е дадена наредба да се направи психолошко-спихијатриско вештачење на девојчето“, пренесува Обвинителството.
За извршувањето на ваков вид на кривично дело, предвидена е затворска казна од три месеци до три години затвор.