Наскоро во Србија ќе има над 1.000 заразени од коронавирус дневно, тврди главниот координатор на вакциналниот пунк на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ.
„Мораме да размислиме за воведување порадикални потези, ако веќе не можеме да сториме ништо со апели. Нема компромис кога станува збор за јавното здравје“, изјави тој на ТВ Пинк, пренесува Блиц.
Бекиќ рече дека кај помладата популација меѓу 18 и 39 години вакцинирани се само 18 отсто што не е доволно. Исто така, тој нагласи дека е неприфатливо здравствените работници да одбиваат да се вакциниираат.
„Треба да се воведе задолжителна вакцинација на здравствените работници и на одредени возрасни групи“, оцени тој.