Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави воведување на драконски казни за извршување на кривични дела, вклучувајќи ја и доживотната казна затвор.
Тој после седницата на Советот за национална безбедност, истакна дека државата е одлучна да ги победи најтешките облици на криминал и корупција.
„Зголемувањето на минимални и максимални казни за кривични дела кои опфаќаат насилно однесување, од насилство во семејството, силување и педофилија. Ја воведуваме и казната доживотна робија за повеќебројни убиства и убиства на деца“, истакна Вучиќ.