Веста дека Грција ќе остане заклучена за српските граѓани и по 15 септември предизвика гнев кај туристите и сопствениците на агенциите. Телефоните на агенциите прегрејаа кога медиумите објавија неофицијални информации за продолжување на грчката блокада.
По помалку од еден час од објавата, сопственикот на една од најголемите српски туристички агенции изјавил дека тој, неговите вработени, колеги и голем број клиенти кои купиле аранжмани, ќе ја блокираат грчката амбасада во Белград во саботата наутро и ќе започнат штрајк со глад, сè додека не се промени одлуката и граѓаните не им е дозволен влез во оваа земја.
Штрајкот што го најавуваат ќе трае се’ додека не се промени одлуката и не се овозможи вlез на српски граѓани во Грција, пренесува „Мондо“.
Инаку, Грција одлучи да ја продолжи забраната за влез на српски граѓани по 15 септември. Иако Србија со недели има најмал број на заразени лица во регионот, Грците останаа немилосрдни и ќе ја држат рампата надолу и по овој датум.