СРБИТЕ СЕ НАВРЕДИЈА: ИКЕА ги кани на виршли наместо на мебел  (ФОТО)

by Тони Зографски

Најпознатиот шведски производител на мебел ИКЕА на билборди ширум Србија наместо мебел, рекламира сендвичи со виршли под слоганот “Улица на гладните“, и тоа најефтините, по цена помалку од пола евро.

– Срамота е. Па никој овде не е гладен па да одиме да јадеме кај нив.. Освен тоа, какво е реномето на компанијата кога не вика на сендвичи за да дојдеме во продавница за мебел – вели Марија Илиќ.

Стручњаците сметаат дека ИКЕА е во сериозни проблеми и дека ваквата пропаганда е начин да ги врати купувачите.

(фото: Н Панчиќ)

Од компанијата се правдаат дека ваквиот начин на реклама е да им се овозмижи на купувачот комплетна услуга.

– Како составен дел на ИКЕА е и ресторан со оброци по пристапни цени кои им се нудат на посетителите. Целта на компанијата и на потрошувачите да им се обезбеди комплетна услуга, како уживање во специјалитете на ИКЕА, хот-дог сендвичите – соопштуваат од ИКЕА.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com