Србин (Н.М.) загина во Чикаго откако во него пукало досега неидентификувано лице. Повредено е и уште едно женско лице кое се наоѓало во компанијата чиј сопственик бил Н.М., пишува Српски Тајмс.
Фирмата за превоз со камиони била во негова сопстеност. Престрелката се случила во просториите на компанијата, а за убиство е осомничен маж со афроамериканско потекло кој таму работел. Србинот Н.М. починалал на пат кон болница.Причина за овој трагичен настан е деловно недоразбирање.
Вооружениот напаѓач потоа побегнал од местото и подоцна бил лоциран. Соочен со полицијата која му го прекинала повлекувањето и го опколила, повикала да се предаде, осомничениот го подигнал пиштолот и испукал еден истрел.
Првите информации кои ги пренесува српскиот портал се дека причината за убиството е недоразбирање на работното место.