Бранко Радуловиќ (49) се удави на популарна плажа во Аделаида, Австралија, обидувајќи се да ја спаси својата шестгодишна ќерка, која брановите ја однесоа од брегот.
Очевидци велат дека девојчето било во гумен чамец, кога брановите ја однеле од брегот, а Бранко облечен влетал во водата за да ја спаси.
Мајкл Нејпер (70) си играл со внуците на плажа, кога здогледал маж кој влегол во водата за да ја спаси ќерка си.
“Трчав да го фатам. Пред да стигнам до него, девојката скокна од чамецот во неговите раце. Тој се обидуваше да ја спаси во длабока вода”, рекол тој, додавајќи дека потоа силен ветер го разнел гуменот и дека тој успеал да го стави девојчето на даска за пливање.
Кога успеав да стигнам до него, тој веќе беше под вода. Тогаш неговото тело исплива и тоа беше моментот кога му ги фатив панталоните и го свртев така што лицето му беше над водата – додал тој.
Бранко бил без свест кога тој и неговата ќерка со помош на посетителите на плажата биле извлечени од водата.
Мислам дека можев порано да стигнам до нив и жал ми е што не стигнав“, рекол Мајкл. Семејството и пријателите се простиле преку социјалните мрежи од посветениот татко кој го дал животот за животот на својата ќерка, пренесуваат медиумите.
Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се простуваат од посветениот татко кој го дал животот за животот на својата ќерка. Бранко ја опишувал својата ќерка како своја принцеза.
„Почина херојска, спасувајќи ја својата Лара од морето“, „Шокирани сме, но знаеме колку го сакаше своето омилено девојче и дека нема нешто што не би направил за неа“, „Ти го даде животот за неа и со тоа покажа за што си живеел“, се само дел од пораките на луѓе блиски до Бранко.