Во шпанското летувалиште Коста дел Сол тешко е повреден државјанин на Србија кога маж, исто така од Србија, со кујнски нож му го пресекол вратот.
Ужасот се случувал на балконот на третиот кат во зграда во близина на пристаништето Дукес, пред шокираните туристи. Едниот Србин на другиот му ставил крпа преку очите, го соблекол, го врзал за оградата на балконот, а кога дошла полицијата тој веќе со голем нож му го сечел вратот. Благодарејќи на брзата интервенција на полицијата, Србинот е спасен и префрлен во болница, а напаѓачаот веднаш бил уапсен.
„Се можеше да заврши ужасно. Кога го видов човекот со прекриено лице, мислев дека е убиен“, рече Филип Деј, Британец кој со години живее во шпанска Естепона.
„Човекот со нож изгледаше како манијак. Кога го одвлекуваше полицијата, тој се смееше и им намигнаше на луѓето … Беше многу чудно“, изјави друг очевидец.
Градоначалникот на Коста дел Сол, Марио Хименез ѝ честита на полицијата на професионализмот и на храброста.
„Ова е изолиран инцидент кој бараше силен одговор за да се осигура безбедноста на населението“, рече градоначалникот.
Полицијата на Коста дел Сол соопшти дека ѝ требаат уште докази за да го обвинат напаѓачот, поради што од британските туристи се бара да бидат сведоци, како и приложат снимки и фотографии доколку имаат.