Србин и Турци се судриле, па се степале на Граничниот премин Табановце.
МВР информира дека полицијата на граничниот премин Табановце, на влез во Македонија, ги приведе Н.Ж (39), државјанин на Србија и С.Е. (42) и С.Х. (40), двајцата државјани на Турција.
Тројцата најпрво се чукнале со возилата по што дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопштија од МВР.