На социјалните мрежи се шири клип од прославата на 18 роденден на млад човек од Србија кој живее во странство.
Клипот, кој има повеќе од 800.000 прегледи на TikTok, го прикажува роденденското момче како плаче откако татко му му подари „Ролекс“ часовник.
После тоа се слуша водителката која на микрофонот раскажувакако неговата мајка решила да му подари „порше боксер“ за роденден.
Видеото предизвика голем број коментари од корисниците под објавата.
„Плаче затоа што знае дека многу брзо ќе го скрши Поршето и ќе го изгуби Ролексот на кладба“, „Многу ми е грдо да го гледам ова. Многу луѓе ги немаат основните работи во живот“, „Јас не добив ништо за 18-ти“, „Никогаш на син ми не би му дала толку скап и брз автомобил. Ниту на син ми, ниту на ќерка ми“, „Воопшто не е за пофалба“, „Тато ми купи торта за мојот 18 роденден“, „Тато морал чесно да работи“, се само дел од коментарите.