Србин во Италија спаси мајка и бебе од давење (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во регионот Емилија-Ромања, Србинот Ѓорѓе Пантиќ помогна да се спасат две лица од поплавите. Водата беше до еден метар. Меѓу луѓето кои скокнаа во водата и успеаја да допливаат до нив и да ги спасат е и Пантиќ. Ѓорѓе го зема бебето од прегратките на мајката и го стави на рамениците. Жената го следеше. Водата им беше речиси до рамениците. Бебето го донесе на безбедно, а луѓето и помогнаа на исплашената жена да се пробие низ водата.

Пантиќ работи во Италија како готвач, а инаку е син на познатиот писател Михајло Пантиќ.

Најмалку шест лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови по поплавите што го погодија северниот дел на италијанскиот регион Емилија Ромања.

Излевања на реки и поплави има во Хрватска и во БиХ.

останати вести