Актерка Весна Бејби Петрушевска остро реагираше преку својот Фејсбук профил по одлуката на велешкиот суд, напаѓачот на Мартина Дејаноска да добие само една година ефективен затвор.
“Една година затвор?23 месеци траел процесот ?Па што ви требаше толку долго и на крај да сстр срам со пресудава.Ова девојче колку нам да ни се чини храбро со својата изјава, пред неа е тешка борба на совладувања, премрежја, ментални состојби за кои многу малку се зборува.Мартина е херој, но ние како општество и правосуден систем сме ја разочарале.
Не ни можете да замислите што и се случувало кога гледала дека предаторот оди на работа во образовна институција.Жртвата никогаш не е виновна и аман разберете дека е нула толеранција за најмал допир кон малолетно дете од страна на возрасен!!!!Срам да ви е Велес!Срам за судијата во Велес!“ напиша Весна на својот Фејсбук профил.
Инаку,седумнаесетгодишната Мартина Дејаноска од Велес била жртва на сексуален напад кога имала само 15 години, и покажа огромна храброст откако во објава на социјалните мрежи го раскажа своето трауматично искуство.