Непознат сторител вчера во Прилеп ги одвртел завртките од ормарот на 50-киловатна трафостаница и ја турнал на земја, по што ги одзел бакарните намотки.
Случајот во Полициската станица Прилеп го пријавил вработен во ЕВН-Македонија, според кого, кражбата се случила во временскиот период од 08,00 часот на 03.01.2019 година до 02.00 часот на 04.01.2019 година во м.в.„Поводеници“.