Вчера во салата во Градски парк се играше дербито во М14 лигата помеѓу Работнички и МЗТ Скопје и кое беше прекинато во последната четвртина поради болните амбиции на родителите. Незадоволен од начинот на игра, односно од блокадата на едно од момчињата во Работнички и неговата реакција по истата, родител се симна на теренот во желба сам да ја дели правдата. За среќа инцидентот заврши без повреди на младите кошаркари.
„На денешниот натпревар каде што нашите најмлади кошаркари остварија убедлива победа,имаше немили сцени. Каде што родители од спротивната страна (Мзт скопје) се обидоа физички да нападнат малолетно дете, кошаркар од тимот на Работнички. Пред се ова е срам за кошарката, особено кога во прашање е натпреварување на малолетни деца до 14 години. Нашиот став и мислење е дека вакви непосакувани настани не треба да поминат неказнети и се надеваме дека надлежните органи ќе превземат соодветни мерки“ соопшти КК Работнички.