По наредба на сплитските градски власти, денеска попладне, службениците за комунална хигиена го варосаа мурал посветен на познатата генерација на Југопластика. Нема точни информации зошто муралот, кој ги потсетуваше сите граѓани на Сплит за славните денови во кошарката, е избришан, а граѓаните на овој град бараат одговор.
Дино Раѓа беше член на познатата генерација која освои три европски титули, а поводот за тоа не беше разјаснет за оваа одлука на сплитските власти.
Легендарниот хрватски кошаркар се огласи преку Фејсбук за ваквата ситуација.
– Срамота. Ми се гадите, јадници што никогаш не направиле ништо во животот. Единствено што знаете е продажба на црвена и црна магла за да ги прикриете вашите ср*ња. Не ви пречи што Младинскиот центар не е завршен веќе 40 години, не ви пречат стадионот и базените што се распаѓаат, не ви пречи „метрото“ што вози еден и пол човек дневно, не ви пречи дека треба да се помине еден час за да го поминете пристаништето. Nе ви пречи незавршената арена 10 години. Но, ви пречи најголемиот спортски успех во историјата на градот – напиша Раѓа на Фејсбук.
Инаку, Југопластика ја освои титулата Европски шампион три последователни години (1988/1989, 1989/1990, 1990/1991), а Раѓа беше член на тимот во две од трите патувања до врвот на Стариот континент.