Имено, според видеото Андреа се фотографираше со знамето на Македонија, а подоцна одлучи истото да го фрли на земја и да се фотографира без него.
Исто така, согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата истото е забрането.
Според Член 8 – Грбот и знамето на Република Македонија, како и грбовите и знамињата на други држави и меѓународни организации кои се употребуваат во Република Македонија согласно со одредбите на овој закон, не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.