Општина Центар ќе подигне споменик на македонскиот драматург Горан Стефановски во Дебар Маало. Иницијативата за споменикот ја поднеле од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
“Спомен-обележјето на Стефановски ќе се наоѓа на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот ‘Идадија’“, соопштија од Општина Центар.
Горан Стефановски почина во ноември минатата година на возраст од 66 години по кратко, но тешко боледување. Последните години од својот живот ги помина во Англија, во близина на Лондон.