Австриските власти успеале да спречат терористички напад во Виена врз учесниците на маратонот одржан во австриската престолнина во април, објавија денеска австриските медиуми,
Државната безбедност открила „спијачи“ на Исламската држава кои планирале напади на неколку големи настани во Европа, како одмазда за смртта на нивниот лидер Абу Ибрахим ал Хашими, кој беше убиен со експлозивна направа во северозападна Сирија во февруари за време на американската воена акција.
Државната безбедност и Службата за заштита на Уставот и борба против тероризмот во соработка со странски органи успеале да ја откријат опасната ќелија „спијачи“.
По примерот на „бостонскиот бомбаш“, таа ќелија планирала да постави бомба на голот на Виенскиот маратон, кој се одржа во април.
Станува збор за петчлена група Ирачани, од кои еден, кој дошол во Австрија во 2015 година поради мигрантската криза, уживал статус на азил.
Од Министерството посочуваат дека станува збор за лица кои имаат различен статус на престој во повеќе европски земји, а кои презеле водечки улоги во Исламската држава и кои давале наредби за нови напади.
Тие комуницирале за нивниот план, многу внимателно, користејќи технологии за шифрирање, меѓу другото, користејќи ги функциите за разговор на одредени видео игри на конзоли.