Мишел Умезу не беше „јавна“ девојка на легендарниот Зуба, туку повеќе афера од која се роди синот Александар Роберт, што поранешниот напаѓач на Барселона, Реал, Интер и Милан го призна дури во 2010 година.
Умезу е една од најпознатите женски бодибилдерки која на почетокот на септември беше оперирана за да и ја врати невиноста.
Сега таа тврди дека сака да се омажи како девица.
– Можам да имам секс само ако се омажам во црква. Сè уште не ја најдов вистинската личност. Барам маж со истата цел и желба како и јас. Не се срамам да признаам, навистина го сакам тоа – изјавила Мишел, а пренесува шпанска „Марка“.
Исто така, таа признала дека поради кариерата како бодибилдер користи хормони поради кои чувствува недостаток на желба за секс и дека долго време нема никој покрај себе.