Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска кон крајот на февруари сите ги потресе јавно сподели дека ѝ бил откриен тумор на главата.
Оттогаш Шијакоска постојано ги информира своите следбеници за новостите поврзани со нејзината здравствена состојба.
Па така, вчеравечер инфлуенсерката откри детали од целиот процес низ кој поминала и признава дека не одело сè според планот.
„Мислам дека сум ви должна неколку Инстаграм Стори. Знам дека сте загрижени за мене, па ви ги должам овие неколку сториња.
За жал, ништо не се одвиваше како што очекувавме и многу работи се ископлицираа, па морав да останам во болница скоро месец. Спремна бев за еден, а ми беа направени три оперативни зафати на главата, од кои последниот ми беше најтешко да го прифатам.
Се изморив и изгубив волја за живот. Колку и да си позитивен и да го сакаш животот месец дена во болница се губи секаква смисла.
Уште сум многу слаба и тешко ми е да се движам ама конечно сум дома, закрепнувам и се молам никогаш да не се повтори. Да не видам болница веќе.
Знам дека сите ме чекате да се вратам назад. И вие мене ми недостигате. Пораките не стигнувам да ги прочитам сите, ама одвај чекам да се вратам и сè да си биде како порано.
Уште се трудам да сфатам зошто секогаш мора да го извлечам најдебелиот крај ама среќа преживеав, па имам цел живот пред мене за да откријам“.