“ Ова ќе биде убава тужба на чија оштета однапред и се радувам. А за оние кој за жал масовно поверуваа и наседнаа, само можам да им кажам дека максимално се оградувам. Ова го пишувам бидејќи дневно добивам стотици пораки од жени од цело опкружување кои ги купуваат овие таблети кои наводно јас ги рекламирам. Жал ми е што жените наседнаа на лагата. Навистина немам врска со ова“, порача преку социјалните мрежи хрватската пејачка Нина Бадриќ откако разбра дека нејзиното име се користи како реклама за таблети за слабеење.
Имено, на интернет кружи реклама која ја промовира Нина како евровизиска ѕвезда која изгубила 19 килограми користејќи ги таблетите. Нина разбрала за рекламата од измамените жени кој наседнале на неа, и сватиле дека се работи за измама. Поради сето ова Нина Бадриќ најави тужба.
https://www.instagram.com/p/B7V4hfuFbzH/?utm_source=ig_web_button_share_sheet