Капитенот на Вардар, ракометарот Столе Стоилов, демонстративно стана и си замина од манифестацијата „Спортист на годината“, која ја организира Агенцијата за млади и спорт.
Причина за ова, неофицијално, е фактот што манифестацијата е двојазична, односно за првпат се користи и албанскиот јазик.
Тоа го налутило пикерот на црвено-црните, па Стоилов изреволтиран си заминал од салата.