Во телефонот на уапсениот Бојан Јовановски, односно Боки 13, српската полиција пронашла шокантна преписка со еден српски политичар, пишуваат српските медиуми .Полициските инспектори кои го упасиле Боки 13 и му ги одзеле телефоните, буквално биле шокирани кога виделе што се има во него. Меѓу останатото пронајдени се огромен број пораки кои Боки 13 ги разменувал со политичарот од Белград, а имало и неколкиу фотографии и две видео снимки – открива соговорникот од Скопје, вклучен во истргата.
Како што објаснува изворот, некои од пораките кои ги разменувале Боки 13 и политичарот датираат од деновите кои претходеле на неговото апсење.
Во една од тие пораки Боки 13 најавува дека во најкусо време ќе оди во Србија и дека едвај чека да се видат, а политичарот му одговара дека и тој е нестрплив што побрзо да се видат – наведува соговорникот на српски Телеграф.
Инаку, се работи за српски политичар кој често патува и објавува фотографии од различни дестинации, а пред неколку месеци објавил на социјалните мрежи токму фотографија од Скопје.