Од 1 јуни се отвораат границите на Македонија, а полицискиот час се укинува, препорачува Комисијата за заразни болести, дознава Фактор.
Состанокот беше утринава, а според нивните сугестии дозволено е кафулињата и угостителските објекти да се отворат во четврток. Нивните препораки секако треба да ги прифати и Владата која денеска ќе заседава од 16 часот/
Моментално полицискиот час е од 5 часот наутро до 19 часот навечер. Извор од Комисијата за Фактор вели дека полицискиот час секако нема ефект затоа што граѓаните не се придружувале. Додава и дека и покрај тоа што границите ќе се отворат Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени.