На социјалните мрежи денеска се појави фотографија од учебник по социологија за втора година средно, преку кој децата се учат дека жените треба да седат дома, за да се намали можноста тие да прават кривични дела.
Активистката Ана Глигорова објавила фотографии од делови од учебникот во кои, меѓу другото стои и дека со затворањето во домот, жената е заштитена од многу комуникации, конфликти и ангажмани.
-Ако е жената затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа нема можност да прави кривични дела. Жената на тој начин е заштитена од многу комуникации, одговорности, ангажмани, натпревари, конфликти и е упатена да се грижи за семејството, а со тоа помалку е изложена на влијанието на објективните криминогени фактори- стои во учебникот кој е во употреба во последните 17 години a e напишан од универзитетски професори.
Како што е наведено на социјалните мрежи, автори на овој учебник се универзитетските професори Нелко Стојановски, Милева Ѓуровска и Зоран Матевски.
Ваквата спорна содржина предизвика жестоки критики во јавноста.