(Фото: Н Бакев)
Во Скопје се подготвувал план да се урни српскиот претседател, Александар Вучиќ. Како што пишуваат српските медиуми на 8 февруари, во Скопје се сретнале еден од лидерите на српската опозиција Драган Ѓилас, македонскиот премиер Зоран Заев, неговиот советник Зоран Башановиќ и американскиот дипломат Ерик Бернс, за да се договорат како да ја симнат актуелната власт во Србија. На тајниот состанок наводно бил договорен план во пет точки, кој во наредните шест месеци би довел до општ хаос во Србија.
(ФотоЧ Ало.рс)
(Фото: В. Марковиќ)
Оваа информација ја откриле бугарската разузнувачка служба и извештајот веднаш бил проследен до Белград.
Како што пишува ало.рс, Ѓилас, Заев, и Бернс се договориле преку фирмата “ Dajners klub internešenal”на опозицијата во Србија да и се исплатат 4.2 милиони евра на име финансиска поддршка. Исто така било договорено американскиот амбасадор во Србија, Кејт Скот јавно до го поддржи Ѓилас на протестите, а тој кога ќе дојде на власт да му возврати со признавање на Косово и влегување на Србија во НАТО.