Руските медиуми масовно пишуваат дека Ирина Шајк и Бредли Купер се разведуваат. Прв таа информација ја пласираше таблоидот МТО, кој напомна дека е добиена од “потполно проверен извор“.
– Бредли секогаш сакаше неговиот живот да остане тајна, додека Ирина сметаше дека треба да се испратат соопштенија до медиумите – пишува таблоидот.
Како што пишува пак порталот Газета.ру, Ирина и Бредли од февруари 2019 година, не се заедно, по флертот на актерот со Лејди Гага на доделувањето на Оскарите. Сепак, подоцна тие беа фотографирани во Лос Анџелес и не укажуваа дека нешто меѓу нив не е во ред.
Иако се пишуваше за наводни емоции меѓу Бредли Купер и Лејди Гага, изворот наведнува дека поп звездата нема никаква врска околу нивниот однос.
Инаку, Ирина и Бредли се заедно четири години, а од 21 март, 2017 година ја имаат нивната ќерка Леа де Сена Шајк Купер.